Вајналдум како „петел“

82

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Џими Вајналдум. Одличниот играч за врска се пресели на „Паркот на принцовите“ за време на летниот преоден рок, но поради малата минутажа и лошиот однос со шефот на стручниот штаб, Маурицио Покетино, тој сериозно размислува за промена на клупската средина.