Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Џејкоб Вајли, одигра одличен натпревар за Будуќност во победата над Ратиофарм со 86:79, во рамки на 1. коло во Еврокупот. Крилниот центар мечот го заврши со 16 поени и одлична реализација во шутот од поле (7/11 за два).

Во второто коло од „Б“ групата во ова натпреварување, следната седмица, на домашен терен, ќе игра против Валенсија, екипата за која настапува уште еден наш репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.