Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер за следното излегување во рингот ќе мора да почека шест месеци. Тој после поразот од Британецот Тајсон Фјури, поточно кога беше нокаутиран во 11. рунда, доби шестмесечна супсензија од страна на Државната комисија на Невада. Од друга страна „Кралот на Циганите“ ќе одработи суспензија од 45 дена.

Несреќата никогаш не доаѓа сама, па по деталниот преглед во болница, Вајлдер дозна дека ќе мора да направи хирушка интервенција на дланката. Тој ќе се обиде да се подготви за евентуален меч со Британецот Ентони Џошуа, а порача и дека не планира да се повлече од рингот по два последователни порази од Фјури.

-Дионтеј има скршеница на десната ракаи ќе мора да замие на операција наредната недела. Засега е многу добро и ако се помине како што треба ќе гледа да им се врати на борбите во април и ли мај наредната година, изјави неговиот соработник Шели Финкел и додаде:

-Се уште е рано да се зборува за тоа, но мора да го почекаме исходот од борбата Усик – Џошуа. Во меѓувреме ќе ги разгледаме другите опции. Секако, дека тоа ќе биде голема борба, без разлика што ќе се случи меѓу нив двајца.

Вајлдер во кариерата има одработено 45 борби, оствари 42 понеди, доживеа два порази и една борба заврши без победник.