Вашингтон пост: Бизнисмен од Северна Македонија ја хакнал фејсбук страната „Ветераните за Трамп“

184

Страницата на Фејсбук „Ветераните за Трамп”, каде што поранешните претставници на армиските служби го советуваа и дебатираа со американскиот ретседател Доналд Трамп, од март годинава е „киднапирана од еден бизнисмен од Северна Македонија“, објави весникот “Вашингтон пост”, а пренесе ИРЛ.

Според весникот, во приказната е вмешан и братот на адвокатот од Велес,Трајче Арсов, за којшто ИРЛ и партнерите од Проектот за известување за организиран криминал и корупција и „Базфид“ објавија дека е вистинскиот сопственик на најпуларниот веб сајт од т.н. наречената велешка фабрика за лажни вести.

„Велешаните се прославија со претседателските избори во САД во 2016 година за што во матичните и други земји беа истражувани за можно влијание врз кампањата, по јавните прозивки дека тие му помогнале на Трамп да ја добие претседателската битка, ширејќи лаги за неговите опоненти и конзервативна пропаганда во линија на неговите политики. Клучна алатка во ширењето на пропагандата им беа фејсбук страниците од кои некои достигаа и до 2 милиона следбеници. По голем притисок од јавноста Фејсбук ги затвори овие страници. Но, се чини дека нашле нови начини како да допрат до посакуваната публика во САД, пишува „Вашингтон пост“.

Во продолжение на текстот, американскиот весник објаснува детално како им е презеена страницата на американските ветерани.

„Преземањето на фејсбук страницата на американските ветерани почнува со навидум наивна понуда која пристига до администраторите и сопствениците на групата, и самите ветерани, а доаѓа од лице кое се претставува како Андреј Спасовски и им нуди да им генерира профит преку нивната страница со тоа што ќе му дозволат да постира реклами. Ветува профит од десетици илјади долари годишно, а сето тоа преку нивната компанија „Ад Брејк“. Ветерантие наивно го прифаќаат договорот, за подоцна да сфатат дека се измамени. Тие им даваат административна моќ на лажните соработници за подоцна да сфатат дека се измамени кога го губат својот админ пристап до страницата. Тогаш сфаќаат дека таа повеќе едноставно не е нивна. Додека бараат одговори и се борат со администрацијата на Фејсбук да си ја повратат страницата, ветераните откриваат дека компанијата „Ад Брејк“, всушност, е регистрирана во Куманово, Северна Македонија. Тие до Фејсбук пријавиле непријателско преземање од странски ентитет“, објави „Вашингтон пост.