Ватикан се понуди да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

37

Ватикан би можел да биде соодветно место за преговори за завршување на војната во Украина, изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, јави Мина.

-Нашата желба е да понудиме простор каде што страните би можеле да се сретнат и да почнат дијалог без никакви претходни услови, каде што самите ќе треба да го дефинираат моделот на преговори, рече Паролин.

Агенциите потсетуваат дека Ватикан често ја изразуваше подготвеноста на Светата столица да посредува во постигнувањето каков таков дијалог меѓу Русија и Украина.

Папата Франциск постојано навестува дека Ватикан работи на изнаоѓање решение за војната во Украина,, потсетува црногорската агенција.