Бреговиќ доаѓа во Скопје, еве која жена најмногу му се радува!

112

Светски популарниот музичар Горан Бреговиќ наскоро доаѓа во Скопје на голем концерт во “Борис Трајковски”. Тоа ќе биде и одличен повод неговата некогашна, веројатно и најдобра членка/пејачка на бендот за “За свадбе и погребе”, талентираната скопјанка Васка Јанковска да се види со својот поранешен шеф. Васка впрочем така и го ословува, а со Брега често разменува другарски СМС-пораки
– Ние останавме во комуникација, тој мене многу ме почитува, а јас него уште повеќе. Со неговиот оркестар го поминав целиот свет, бев на многу интересни места каде што пеевме, така што сето тоа не се заборава. Пеењето го напуштив пред неколку години од приватни причини, а со Горан се договоривме дека нема никогаш да се заборавиме. Нема зошто да бидеме отуѓени бидејќи тој е пред се голем човек, а воедно и врвен музичар. Тие што го напаѓаат и плукаат го прават тоа поради голема завидливост бидејќи не се успешни како Бреговиќ.

Навистина искрено се радувам на нашата повторна средба во Скопје. Требаше да одам на неговиот концерт во Белград во декември, но не можев бидејќи падна голем снег во Србија и не смеев да ризикувам по заледени патишта. Ми кажа тогаш Брега: “Васка седи мирна, не доаѓај, ќе дојдам јас во Скопје, ќе се видиме, ќе пееме, а знаеш дека најмногу сакам кога токму ти ќе ми ја испееш на увце легендарната “Едерлези”, ни раскажа за “Вечер” познатата горда скопјанка Васка.      Дуле М.