Вархеји и порача на Република Српска да го повлече новиот закон: Криминализацијата на клеветата е погрешен чекор

58
EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

За жалење е што Народното собрание на Република Српска гласаше за амандмани со кои повторно се воведуваат казни за клевета, напиша Оливер Вархеји, комесар за проширување на Европската комисија.

Ова е чекор во погрешна насока. ЕУ ја повикува РС да го повлече амандманот со цел да се обезбеди слободата на изразување и медиумите, стои во објавата на Вархеји.

Во врска со ова вчера реагираше и ЕУ, потсетувајќи дека овој закон е чекор во погрешна насока и ги повика властите на РС да го повлечат споменатиот нацрт од процедура.

Народното собрание на РС вчера го усвои предлог-законот за криминализација на клеветата, иако многу членови на владејачката коалиција сметаат дека законот е лош и проблематичен.