Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар и во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра пред полни трибини на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Според неофицијални информации досега се продаде 3.000 сезонски билети, што претставува половина од целиот капацитет на салата, јави интернет порталот „гол.мк“

Вардарци првиот натпревар на домашен терен го играат за три недели, а тоа остава простор да бидат распродадени сите сезонски билети. Што се однесува до продажбата на поединечните билети, таа ќе започне на почетокот од наредниот месец, а европскиот шампион првиот натпревар на домашен терен го игра на 22 септември против Порто.

Според неофицијални информации досега се продаде 3.000 сезонски билети, што претставува половина од целиот капацитет на салата. „Црвено-црните“ првиот натпревар на домашен терен ќе го одиграат на 22 септември против Порто

Вардарци, моментно се натпреваруваат на Супер глоуб турнирот во Дамам, Саудиска Арабија. „Црвено – црните“ во синоќешното четврт-финале ги одмерија силите со домашниот тим  Ал Мудхар кој во осминафиналето лесно се справи со тимот на Њујорк Сити. Ако го поминат домаќинот во полуфиналето ги очекува меч со трикратниот европски шампион, германскиот Кил.

Распоред на Вардар во Лигата на шампионите: 14 септември: Монпелје – Вардар (17:00 часот), 22 септември: Вардар – Порто (17:00 часот), 29 септември: Мотор Запорожје – Вардар (18:00 часот), 12 октомври: Вардар – Кил (17:15 часот),        19 октомври: Веспрем – Вардар (17:15 часот), 3 ноември: Вардар – Мешков Брест (19:00 часот), 9 ноември: Вардар – Киелце (17:15 часот), 13/17 ноември: Киелце – Вардар, 23 ноември: Мешков – Вардар (18:00 часот), 1 декември: Вардар – Веспрем (17 часот)

 

Фото: П. Стојановски