Вардар ја одбрани титулата во Купот на Македонија

61

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако во финалето на завршниот турнир во Охрид во драматично финале го победија Еурофарм Пелистер со 26-25. За вардарци ова 16-та титула во Купот на Македонија.

Во поголемиот дел од натпреварот Вардар беше во предност и имаше контрола на играта и на резултатот. Пелистерци во финишот успеаја да ја стопат негативата и на само една минута пред крајот намалија на 25-26 за драматичен финиш, но Вардар ја задржа предноста и ја одбрани титулата го Купот.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека кај Пелистер по пет погодоци постигнаа Усама Хосни и Мохамед Суси.

И сите поединечни признанија во Куп завршницата останаа кај вардарци – Леонардо Дутра беше прогласен за најдобар играч во завршницата од Купот, Дејан Манасков за најдобар стрелец, а Борко Ристовски за најдобар голман.