Македонскиот ракометен шампион Вардар со пораз ја затвори сезоната во Лигата на шампионите во 2019 година и како домаќин лесно загуби од унгарски Веспрем (29-38) во рамки на десеттата рунда.

Прво име кај Веспрем беше Ненадиќ со 11 гола од 12 обида, Лауге Шмид, Мораеш и Мацковшек дадоа по четири, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков заврши со скор 1/3. Кај Вардар, Атман запиша седум гола, Калараш и Чупиќ дадоа по четири, а Скубе, Пелко, Шишкарев и Дибиров имаа по три гола.

Лигата на шампионите за Вардар продолжува во февруари, кога тимот гостува кај лидерот Кил.