Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со пораз во новата сезона од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, во крајно неизвесен натпревар, минимално се поразени на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22

Вардар од почетокот на натпреварот па се до 40. минута имаше негатива од два гола, кога успеа да израмни (15:15), а потоа и да поведе со еден – два гола разлика. Но, не успеаја да ја одржат оваа предност, подпаднаа под притисокот на домаќините и на крајот загубија со два гола разлика.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Марко Вујин со шест гола, а поддршка му беше Дисингер кој натпреварот го заврши со четири гола.