Вардар со три гола во второто полувреме до победа над Струга

88

Со три гола во второто полувреме, Вардар беше подобар од екипата на Струга во меч од 5. коло во Првата македонска лига.

Жуниор на два пати и еднаш Најдовски беа стрелците на головите за „црвено-црните”, со кои дојдоа до третиот триумф по ред во најелитното македонско натпреварување.
Предноста можеше да биде поубедлива ако беа искористени шансите кои ги направи Вардар до крајот на мечот.

Следното коло Вардар игра како гостин на Чаир кај Шкупи.

Резултати од 5.коло на ПМФЛ:

Академија Пандев – Ренова 2:0
Шкендија – Работнички 3:0
Македонија ЃП – Борец 3:1
Шкупи – Силекс 1:0
Вардар – Струга 3:0