Ракометарите на Вардар 1961 загубија на гостувањето кај Партизан со 28:22, во рамките на четвртата рунда на групната фаза во СЕХА лигата. На пресметката во Белград македонските ракометари покажаа бледа игра, многу се грешеше во нападите и тоа резултира со убедлив пораз кој може да влијае за крајниот пласман.

Со дваесет голмански интервенции блесна Трнавац и го водеше Партизан до славје, додека Томовски заврши со девет. Најдобар стрелец на мечот беше Филип Талески со девет реализации, додека на спротивната страна еден помалку даде Никола Зечевиќ.