Ракометарите на Вардар забележаа уште една значајна победа во Суперлигата. Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ, потешко од очекуваното на гостински терен го совладаа тимот на Скопје со 32:27

Педесет минути тимот кој нема победа оваа сезона во лигата го мачеше шампионот, но во последните десет минути Вардар одигра максимално и се погрижи да нема изненадување во СЦ „Борис Трајковски“.

Најдобри кај победникот беа Гоце Георгиевски и Јан Чувара со по осум гола, додека Филип Талески постигна четири гола. Кај Скопје 2020, Александар Василевски имаше осум реализации, пред Филип Василевски и Марио Мишевски со по шест гола.