Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во низа во Лигата на шампионите, откако вечерва беа поразени на гостувањето кај бундеслигашиот Кил со 32:30.

Цевено – црните“ одиграа одличен натрпевар, особено во второт полувреме. Меѓутоа, неколкуте промашени зицери во клучните моменти од мечот придонесоа македонскиот шампион со празни раце да се врати од Германија.

Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз, одигра врвен натпревар, најдобриот во дресот на Вардар. Имаше девет гола од девет обида и беше прво име кај стрелците. Солиден беше и голманот Мартин Томовски со единаесет одбрани.