Ракометарите на Вардар се пласираа на завршниот турнир во Регионалната СЕХА Лига и покрај тоа што загубија во реванш четртфиналето против Загреб со 25:22.

Црвено – црните“ на завршниот турнир се пласираа благодарение на победата од четири гола разлика на домашен терен, на првиот меч.

Вардар одигра променливо во текот на целиот натпревар и му дозволи на хрварскиот шампион до последен момент да се надева дека може да се пласира на фајнл – фор турнирот.

Дибиров со пет гола беше најефикасен во таборот на Вардар, четири постигна Тото, а одличен беше и голманот Томовски, со 12 успешни интервенции.

Македонскиот шампион во полуфиналето на завршниот турнир во Задар, што ќе се одржи од 3 до 5 септември ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Мешков Брест, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат тимовите на Веспрем и Мотор Запорожје.