Вардар против Еурофарм Работник во првото коло на плеј – офот

218

Ракометарите на Вардар во првото коло од плеј-офот во домашното првенство ќе му гостуваат на Еурофарм Работник, беше утврдено со ждрепка во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ). Натпреварите од плеј-офот е предвидено да стартуваат викендов, но дуелот во Битола меѓу Работник и Вардар ќе биде одложен поради обврските на двата клуба во европските натпреварувања.

Металург својот прв натпревар ќе го има на домашен терен против Пелистер, додека во скопската пресметка од првото коло во плеј-офот Пролет ќе го пречека тимот на Бутел.
Дерби-пресметките меѓу Металург и Вардар, тимови кои доминираат на домашната ракометна сцена со години наназад, ќе се играат во петтото и во последното, десетто коло од плеј-офот.

Распоред на првото коло: РК Металург – РК Пелистер, РК Еурофарм Работник – РК Вардар, РК Тинекс Пролет – РК Бутел