Ракометарите на Вардар ќе треба да направат чудо доколку сакаат да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Давид Дејвис, во првиот осминафинален натпревар на домашен терен убедливо се поразени од унгарскиот гигант Веспрем со 30:22. За пласман меѓу најдобрите осум во Европа, вардарци на гостински терен за шест дена ќе треба да ја анулираат негативата од осум гола.

Најдобар поединец на натпреварот беше Андреас Нилсон кој даде осум погодоци, му помогна Петар Ненадиќ со шест. Во таборот на двократниот европски шампион најефикасни беа Филип Талески и Тимур Дибиров со шест погодоци.