Македонскиот ракометен шампион Вардар, ја прекина кризата во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, забележа важна победа во реваншот со Елверум со 35:32.

Натпреварот беше неизвесен од почетокот до крајот, а „црвено – црните“ дури во последите две минути од мечот успеаја да ја обезбедат победата, прва по пауза од четири месеци.

Тимур Дибиров со девет гола беше прво име во победничкиот табор, додека Гоце Георгиевски даде шест. Кај поразените Мате и Пујол запишаа по пет гола.