Најтрофејниот македонски ракометен тим Вардар со пораз од Татран Прешов (27:23) ја отвори новата сезона во ракометната СЕХА-лига и така ја прекина добрата серија која ја имаше против словачкиот првак.

Иако се врати во мечот, екипата на тренерот Владо Недановски не успеа да дојде барем до бод на гостувањето во Прешов. Ова беше прв пораз за Вардар против овој ривал по 13 победи во низа во СЕХА-лигата, или по една деценија.

-Заслужена победа за Татран. Многу наши играчи неодамна се вратија од Светско првенство. Покрај тоа, морам да бидам искрен и да кажам дека одбраната на Татран 5-1 не изненади. Добра работа е што ова беше само првиот натпревар во сезоната и знаеме дека ќе бидеме подобри како што ќе минуваат деновите и неделите. Мораме да се фокусираме и на нападот и на одбраната и да го направиме тоа брзо со новата средба во СЕХА што се приближува брзо, изјави тренерот на „црвено – црните“, Владо Недановски.

Капитенот на тимот Стојанле Стоилов по мечот истакан дека и од овој пораз може да се наули нешто за во понатамошниот тек од сезоната.

-Во основа се уште сме во подготвителен период со многу играчи кои се враќаат од репрезентативните обврски. Нашиот тим е сосема поинаков од минатата сезона и мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не се претставивме добро на овој меч. Чуприна беше извонредна меѓу стативите, но искрено, не гледаме како треба да изгледа тимот во вториот дел од сезоната. Сигурно ќе научиме нешто од овој пораз. Татран едноставно беше подобар на овој натпревар и мораме да им честитаме на заслужената победа, изјави Стоилов

Следниот натпревар за Вардар 1961 во СЕХА-лигата е на домашен терен против Партизан на 1 февруари.