Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше направена ждрепката на натпреварувачки броеви на екипите за сезона 2021/22 за машката Суперлиг Во претстојната сезона ќе се одиграат вкупно 22 кола. По крајот на регуларниот дел од сезоната, ќе се формираат плеј-оф и плеј-аут групи.

Распоред на натпревари од прво коло за сезона 2021/22: Вардар 1961 – Скопје 2020, Радовиш – Струга, Охрид – Тиквеш 2014, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје – Прилеп, Металург – Пролет 62

Титулата од минатата сезона ја брани Вардар 1961, кој одново ќе биде фаворит број еден за највисок пласман.