Ракометарите на Вардар со многу мака го совладаа новиот Суперлигаш, тимот на Алклоид со 28:25 (12:13). „Црвено-црните“ имаа добри и лоши периоди во натпреварот против младиот состав кој го води најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, меѓутоа искуството пресуди и домаќините се радуваа во СЦ „Јане Сандански“.

Одлични беа голманите на двете страни, Благојче Трајковски забележа тринаесет интервенции, додека Мартин Томовски имаше една помалку. Дејан Манасков ги предводеше стрелците со осум, додека на шест погодоци запре Талески, а кај Алкалоид шест гола даде Стојковиќ.