Вардар на мегдан со европскиот шампион, а со мислите на дуелот Киелце – Веспрем 

112

Македонскиот ракометен шампион Вардар  во сабота (17.30 ч) во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, против актуелниот европски шампион, тимот на Монпелје.  Французите се на шестото место во групата и се аутсајдери во дуелот со македонскиот шампион на кого освен победа на овој дуел ќе му треба и услуга од Киелце кој на домашен трен ќе го пречека Веспрем. Токму  Васпрем е најголемиот ривал на Вардар за второто место на табелата и затоа на „црвено – црните“ во прилог им е пораз на унгарскиот тим.

  • Не чека последниот меч од групата, тоа е најважниот за нас и мислиме само на него. Сакаме да победиме, за да се спремиме добро за елиминациските средби, каде немаш право на грешка и на порази. Имаме проблеми со неколку ракометари кои се повредени, не знам кој ќе игра кој не, ќе одлучиме на денот на мечот. Ние сме фокусирани, ќе дадеме се од себе, а што ќе биде, ќе видиме, изјави тренерот на  Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Со тренерот се сложи и левото крило Тимур Дибиров, кој не одигра најдобро на преходниот натпревар против Кристијанштад.

  • Тимот на Монпелје лани ни покажа дека не смееме никого да потцениме. Едно е јасно, играме дома, а во Скопје одиме на победа против било кој противник. Сакаме да ја завршиме оваа фаза со победа, па да видиме дали ќе завршиме на второто или на третото место. Втората позиција е подобра само од една гледа точка, бидејќи во четвртфиналето реваншот го играте дома, а сеедно ни е со кого ќе играме во осминафиналето, дали тоа ќе биде Загреб, Мотор, Спортинг или пак Динамо Букурешт – вели Дибиров.