Тој го извади максимумот од македонскиот ракометен шампион Вардар, ги надмина сите проблеми и повторно го донесе трофејот од Лигата на шампионите во Македонија. Сигурно погодувате, станува збор за шпанскиот тренер Роберто Гарсија Парондо, кој го напушти клубот по освоената титула, но во интервју за СЕХА  лига зборуваше за сè што ќе му остане во сеќавање од престојот во македонската метропола.

  • Мислам дека сега на сите им е јасно каква работа завршивме. Кога победивме во финалето, сите бевме пресреќни, имавме фантастичен пречек во Скопје, тоа беше чувство што не може да се опише се зборови. Сега, како што одминува времето, така на сите ни станува јасно колкав беше нашиот подвиг, Вардар да стане европски првак два пати во рок од три години. Тоа е најдобриот тим во Европа и чувството е одлично – изјави Парондо за официјалната веб-страница на СЕХА-лигата.

Шпанскиот стручњак си заминува од Вардар за да се посвети на функцијата селектор на Египет.

  • Триумфиравме и во СЕХА и во Лигата на шампионите. Жалам што си одам, долго размислував, но знам дека ова е вистинската одлука. Годината што ја минавме заедно беше неповторлива, не сакам тоа чувство да се промени. Си одам, но Вардар и Скопје ќе ги паметам цел живот. Многумина ми се заблагодаруваат, но и јас сум им благодарен на сите. Скопје ми останува во срцето, каде и да одам во иднина – заврши Парондо.