Дерби натпреварот во Првата фудбалска лига меѓу Работнички и Вардар заврши без гпобедник (0:0), а херој е младиот голман Ристе Јанков, кој успеа да одбрани пенал во 97.минута од мечот.

Хрисријан Пецов играше со рака во шеснаесетникот, Дарко Мицевски ја изведе најстрогата казна, а Јанков успеа да одбрани. Без голови заврши и вториот меч меѓу Струга Трим Лум и Силекс.

Вардар останува лидер со 42 бода, во моментот 11 повеќе од Шкендија и од Силекс, а Работнички има 22 бода на осмото место. Кратовци ја стигнаа Шкендија со 32 бода на третата позиција на табелата, а Струга ТЛ се наоѓа на седмото место со 25 бода.

Фото: П. Стојановски