Ракометарите на Вардар претрпеа пораз во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ на домашен терен загубија од белорускиот шампион Мешков Брест со 36:32. „Вардарци“ групната фаза ја завршија на седмата позиција, само пред норвешки Елверум и во осминафиналната фаза ќе вкрстат со вториот од групата А, тоа во случајов е Веспрем.

Најефикасен во македонскиот тим на овој натпревар беше Тимур Дибиров со 9 гола, додека во победничкиот тим најмногу се истакна Вајлупов со 10 гола

Вардар групната фаза ја заврши со три победи (Елверум, Флензбург и ПСЖ службена), три ремија (Елверум, Порто и ПСЖ службено) и дури осум порази.

Првите осминафинални дуели се играат на 31 март/1 април, додека вторите се на 7/8 април. Првиот меч се игра во Скопје, додека вториот во Веспрем.