Македонскиот ракометен шампион Вардар од следната сезона ќе има нов тренер, повторно Шпанец. Станува збор за Давид Хосе Писонеро (46) кој со клубот се договори за соработка. Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.  Како тренер почнал во Валјадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда

-Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

По освојувањето на втората европска титула Вардар во новата сезона влегува како еден од малкуте тимови што успеале во 10-те години од организирањето на Ф4 турнирите во три години двапати да биде првак.