Белорускиот шампион Мешков Брест не ја отвори Лигата на шампионите според планот и има два порази на две средби, податок кој не го радува тренерот Даниел Гордо.  По поразот во Скопје предводникот на белорускиот шампион истакна дека грешките кои ги направил неговиот тим пресудиле.

-Сакам прво да му честитам на Вардар затоа што навистина беа добри на теренот. Можеби. Противникот имаше добар ден, играа во одлична атмосфера и ова е навистина добар резултат за Вардар. Ние почнавме лошо, немавме добро чувство во одбраната. Во нападот противникот даваше лесни голови. Во вториот дел пробавме да се вратиме, имавме шанса да бидеме конкурентни, но лесните грешки ни ја одземаа шансата. Зад нас се три тешки меча во последните седум дена, а за вакви дуели треба енергија. Наше е да се поправиме и да се обидеме да се вратиме во Лигата на шампионите, изјави Гордо.