Ракометарите на Вардар ја продолжија црната серија во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Весеин Вујовиќ, во драматичен натпревар од 10. коло загубија на гостувањето кај ППД Загреб со 23:22 и паднаа на седмото место во групата кое не води во нокаут фазата, во насилното клупско ракометно натпреварување.

Црвено – црните“ лошо го отворија натпреварот и дозволија домаќинот да поведе со 5:2 до десетата минута, но потоа следеше серија од (6:1) на македонскиот шампион за преземање на водството 6:8 во 17. минута. Вардар успеа да направи два разлика 8:10, но до 25. минута домаќините израмнат – 11:11, а и на полувремето заминаа со предност од два гола 14:12.

Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ, на стартот од второто полувреме ја анулираа негативата од два гола 14:14, а на девет минути пред крајот на мечот ја имаа и најголемата предност од три гола 18:21.

Но и оваа предност не беше доволна за македонскиот шампион мирно да го заврши натпреварот. Загреб со серија од 3:0, израмни на 21:21 пет минути пред крајот.

Сепак, Вардар веднаш повторно поведе 21:22, но следеше црвен картон за Жереми Тото, поради трето исклучување, што му овозможи на домаќимот повторно да израмни 22:22, на три минути пред крајот.

До крајот на мечот се случуваше вистинска драма на теренот, домаќинот поведе со 23.22, а Вардар го имаше последниот напад на мечот за реми, но не го искористи по што го претрпе седмиот пораз во низа во елитното натпреварување.