Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди четирите шешири за ждрепката, за групната фаза на Лигата на шампионите. Ситеш 16 екипи се поделни во четири шешири според резултатите во претходните сезони.

Во најсилната група се: Барселона, Кил, ПИК Сегед и ПСЖ. Македонскиот претставник Вардар во пресрет на ждрепката е сместен во вториот шешир со Алборг, Киелце и Порто. Третиот го сочинуваат Мешков Брест, Флензбург, Веспрем и Монпелје, додека во последниот четврти се најдоа Мотор Запорожје, ППД Загреб, Динамо Букурешт и Елверум.

ЕХФ и при поделбата на клубовите во шешири, нагласи дека Вардар е под истрага и ќе мора прво да стигнат гаранциите од милион пред „црвено-црните“ да заиграат во елитното натпреварување.

Ждрепката ќе се одржи в петок (2 јули) со почеток од 11:00 часот во Виена.