Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на Вардар Стојанче Стоилов е единствениот позитивен на коронавирус во тимот, откако сите останати тестови на „црвено-црните“ биле негативни.

Откако се покажа дека пикерот е позитивниот, беа извршени тестирање врз сите останати ракометари и членови на стручниот штаб, а во таборот на „вардарци“ владееше страв од поголем број заразени пред саботниот дуел со Нексе, во СЕХА лигата.

Но, сите „вардарци“ беа негативни, по што ќе му бидат на располагање на тренерот Алушовски за продолжување на тренинзите пред пресметката со Нексе.