Лидерот во Првата македонска лига, екипата на Вардар, стартуваше со подготовки за продолжението на сезоната која беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

„Црвено-црните“ утринава го одработија првиот тренинг во населбата Хиподром и според препораките на ФФМ и Владата за социјална дистанца, делумнно беа со маски.

Пред сезоната да биде прекината, Вардат имаше предност од десет бода во однос на второпласираниот Силекс, односно единаесет од актуелниот брашнител на титулата, екипата на Шкендија.

ФОТО: Петр Стојановски