Варан побара да биде продаден

222

Францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Рафаел Варан, испратил јасна порака до клупските челници дека сака да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Централниот дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до 2022 година и затоа неговата желба сигурно ќе биде исполнета за време на летниот преоден рок. Шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека Варан веќе има потпишано пред-договор со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.