Ривалот од англиската Премиер лига, тимот на Лестер, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. Крилниот напаѓач не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на „Олд Трафорд“ и затоа челниците на Лестер сакаат прво да го позајмат во јануари, а потоа да го откупат неговиот договор.