Ван де Бек нема намера да го напушти Манчестер јунајтед

49

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек нема намера да го напушти клубот. Според „Атлетик“, тренер на тимот, Оле-Гунар Солскер, разговарал со фудбалерот пред натпреварот од 18. коло на Премиер лигата против Фулам (2:1) на 20 јануари. Менаџерот сакаше да ја разјасни ситуацијата и да го увери играчот дека ќе добие шанса да се докаже.

Овој разговор беше краток, но и тренерот и играчот од средниот ред беа задоволни од начинот на кој се одвиваше. Ван де Бек е уверен дека неговата минутажа ќе се зголемува како што напредува сезоната.

Фудбалерот беше убеден дека Јунајтед верува во него и категорично одби да размисли за изнајмување или продажба во текот на зимскиот преоден рок.

Дваесет и тригодишниот Ван де Бек оваа сезона настапи на 10 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.