Ван Дајк има само една слабост

129

Легендарниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и поранешен дефанзивец на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, Коло Туре, откри што точно мисли за холандскиот интернационалец Вирџил ван Дајк.

Голем е бројот на фудбалски стручњаци кои сметаат дека фудбалерот на Ливерпул е најдобар дефанзивец на денешницата. Слично размислува и Туре, но тој тврди дека ВВД не е безгрешен и додава дека репрезентативецот на Холандија има една сериозна слабост.

  • Немам приметено дека голем број на противници сакаат да го нападнат еден на еден. Според мене, тоа е неговата слабост. Многу е висок и ако го нападнете со топката, можно е многу да се мачи. Сепак, многу е паметен и добро ја сокрива таа слабост. Толку е паметен што многу добро се повлекува. Сепак ако сте многу агресивни во нападот и при ситуацијата еден на еден, мислам дека може да направите нешто против него. Џо Гомез и останатите одлични фудбалери на Ливерпул многу му помагаат. Тоа е факт и затоа сите имаат чувство дека Ван Дајк игра со невидена леснотија. И јас сметам дека станува збор за многу квалитетен фудбалер, изјави Туре.

Интервенциите на холандскиот интернационалец во клучните моменти имаа голем удел во минатогодинашниот триумф на Ливерпул во Лигата на шампиони и во изминатата сезона во која по пауза од 30 години „црвените“ најпосле ја освоија шампионската титула во Премиер лигата.