Ванда рони крокодилски солзи поради Икарди

63
MILAN, ITALY - DECEMBER 11: Wanda Nara cries at the end of the UEFA Champions League Group B match between FC Internazionale and PSV at San Siro Stadium on December 11, 2018 in Milan, Italy. (Photo by Claudio Villa - Inter/Inter via Getty Images)

Ванда Нара, сопругата на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, почна да плаче за време на интервју на „Медиасет“ во моментот кога говореше за ситуацијата со договорот на нејзиниот сопруг. Пред неколку дена, Аргентинецот за загуби капитенската лента поради нарушените односи со клупските челници и тимските колеги.

  • Некој вели дека капитенската лента не значи ништо, но за Мауро, ова е исто како да останал без нога. Кога беше потребно да избира меѓу пари и љубов кон клубот, тој го избра второто. Не сум добила никакви понуди, секогаш сум во контакт со Интер. Имавме состанок со раководството на клубот, но тие не ми рекоа ништо. Мауро постигна 120 гола за Интер. Тој секогаш го охрабрува тимот да оди напред, бидејќи е уверен во тоа, изјави Нара.