Ванда Нара, подобрата половина на ѕвездата на ПСЖ, Мауро Икарди, е позната во јавноста како успешна деловна жена, но и по провокативните објави на социјалните мрежи.

Менаџерката на аргентинскиот фудбалер овој пат на Инстаграм објави две фотографии од кои на едната е топлес, а на другата облечена во бикини. Поради тоа бројни фанови ја коментираа атрактивната Аргентинка, а еден од коментарите гласеше: „Икарди е вистински среќник. Таа е згодна жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)

Икарди дојде во ПСЖ на позајмица од Интер во септември 2019 година, а официјално се пресели во Париз во 2020, кога потпиша договор до 2024 година.

За шест сезони минати во Интер, Икарди одигра 219 официјални натпревари на кои постигна 124 голови и во две сезони (2014/15 и 2017/18) беше најдобар стрелец на италијанската Серија А.

Икарди оваа сезона одигра 19 натпревари во францускиот шампионат, постигна седум голови и забележа четири асистенции.