Вандали уништија урбана опрема во населбата „8 Ноември“

74

Вандали уништиле урбана опрема во еден од најубавите и најпосетените паркови во Штип. Јасминка Петешева вработена во јавното претпријатие „Исар“вели дека комплетно се уништени клупите во паркот и во летниковецот, како и детските реквизити во самото игралиште.

Но, ова не е единствената штета која ја имаат забележано и покрај апелите на овие летни горештини да не се уништуваат и крадат славините на јавните чешми. Но, и покрај апелите во населбата Дузлак регистрирале комплетно уништена јавна чешма, која од пред неколку дена е приспособена за потребите на граѓаните.

-Уште еднаш ги замолуваме граѓаните да не се однесуваат вандалски кон урбаната опрема, која во текот на овие високи температури и тоа како им е потребна, како на повозрасните, така и на помладите, изјави Петешева.

Таа истакна дека од денеска до крајот на неделава, штипското комунално претпријатие активно ќе ги мие улиците низ градот.

-Имајќи ги во предвид високите температури, активностите за миење на улиците ќе се одвива во текот на ноќните часови, вели Петешева.