Поранешниот американски боксер Ричард Колон (29), беш на прагот да направи голема кариера, но една борба со могу валакни удари во задниот дел од главата потполно му го променијаживотот.

Колон како голема надеж во боксот велзе во рингот со Терел Вилијамс, во октомври 2015 година, но оваа борба засекогаш го уништи неговиот живот и сонот за голема кариера.

Вилјамс на овој меч користел валкани удари во задниот дел од главата. Ги пшовторувал од минута во минута, а судијата не реагирал.

Сам погрижи се за тоа“, ова му го кажал судијата по еден од многуте удари во задниот дел од главата.

Колон одлично реагирал. Го удрил Вилијамс ов меѓуножјето и судијата му одземал два бода, а потоа дошла деветтата рунда која засекогаш ќе остане запаметена.

Несреќниот Колон по првпат во кариерата завршил на подот. На докторот му рекол дека не се чувствуива добро, но на изненадување на многумина тој сметал дека Ричард може да продолжи. Но, тренерите веќе му ги симнале ракавицитеи Колон бил дисквалификуван, а потоа почнала и борабата за неговиот живот надвор од рингот.

Се почнало со повраќање, префрлен е во болницакаде му било соопштено дека има крварење во мозокот. Потоа несреќниот боксер паднал во кома од која се разбудил дури по 221 ден.

Ричард по будењето од кома повеќе не бил иститот. И ден денеска е во вегетативна состојба, но семејството се уште се бори за неговиот живот. Иако постои одреден напредок, неговата мајка Нивес која се грижи за него, неврологот и соопштил дека Ричард засекогаш ќе остане во ваква состојба.

Човекот кој му го уништи животот не се борел две години. Потоа одработел четири борби, сите во 2019 година. Заради многуте пораки кои ги добил за тоа што го направил целосно се повелкол и повеќе го нема ниту на друштвените мрежи. Првиот човек на ВБЦ организацијата Маурицио Сулејман, на Колон му ја даде доживотната титула шампион и му го исполни сонот кој го имал пред несреќната борба.