Камила Валиева испиша историја во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Рускиот тим го освои златниот медал, а натпреварувањето го одбележа големата Камила Валиева, која влезе во историјата на уметничкото лизгање. Иако има само 15 години таа ги воодушеви сите со настапот на мразот, а заслужено го освои златниот медал и ги исполни своите очекувања бидејќи беше прва фаворитка во Пекинг.

Покрај златниот медал, Валиева влегува и во историјата на уметничкото лизгање бидејќи е првата жена која успеала да направи четирискок на Олимпијадата.

Таа направи два четвороскока во финалето, а во третиот се обиде, но падна. Но, и покрај падот, на крајот сосема заслужено го освои златниот медал со вкупно 178.92 бодови.