Вечниот ерген Валентино Роси конечно реши да се жени. Според италијанското списание „Ки“, суперѕвездата во Мото ГП официјално ја побарал раката на манекенката Франческа Софија Новело. Оваа двојка е заедно четири години и деветкратниот светски шампион во Мото ГП очигледно сфати дека го пронајде совршениот животен сопатник. популарниот „Доктор“ и подари дијамантски прстен на Франческа, која беше на седмо небо од среќа и, се разбира, одговори – ДА.

Во интервју за списанието Оџи, Новело откри дека таа и Роси станале особено блиски за време на карантинот во март.

  • Отидов кај него на една недела и бевме затворени со месеци. Поминавме одличен испит за соживот. За прв пат бевме сами подолго време и можам да кажам дека одлично си поминавме, заљубено и спокојно, истакна Франческа, која има своја модна линија.

Свадбата ќе биде следната година, кога ситуацијата со коронавирусот ќе се смири.