Вакцинирање само со закажување, објави српската влада

40

Како што е наведено во соопштението од Владата до српските граѓани, нема потреба, ниту е во интерес на јавното здравство да се создаваат редици и толпи граѓани кои немаат закажано термин, бидејќи сите граѓани ќе ја примат вакцината во согласност со планот за приоритет.

Оваа одлука е донесена затоа што секој ден се зголемува бројот на граѓани кои не се пријавиле за вакцинација, а доаѓаат пред пунктови или здравствени установи за да се вакцинираат.

Од граѓаните се бара да ги почитуваат процедурите за аплицирање и самата вакцинација, бидејќи тоа е најдобриот начин секој да ја добие својата вакцина, според утврдените приоритети.

Затоа, Владата на Србија уште еднаш ги поканува сите граѓани да дојдат на вакцинација исклучиво во времето кога им е закажано.

„Изразувањето интерес за вакцинација, по што ќе добиете време и место за вакцинирање во блиска иднина, трае неколку минути и е многу едноставно“, велат во Владата на Србија.

Пријавувањето се врши преку владина интернет страница или по телефон.

Владата ги потсети сите граѓани на Србија дека, без оглед на фактот дека вакцината пристигна во нивната земја и дека во моментов се меѓу водечките земји во светот според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, епидемијата во никој случај не значи дека си заминала.