Вакцинација на сите вработени во туризмот во Турција пред летната сезона

61

Турција се подготвува за туристичката сезона создавајќи услови за безбеден престој на гостите, но и за заштита на туристичките работници и граѓаните.

Во координација со Министерство за култура и туризам, Министерство за здравство и Агенцијата за промоција и развој на туризмот – ТГА почна целосна вакцинација на вработените во туризмот.

Програмата за вакцинација ќе ги опфати вработените во авиокомпаниите, аеродромите, сместувачките капацитети, туристичките агенции, како и професионалните водичи. Тие ќе бидат вакцинирани пред почетокот на претстојната летна сезона.

-Во рамките на Програмата за сертифицирање на безбеден туризам, програмата за вакцинација има за цел да ги пречека меѓународните патници во претстојната летна сезона и да ги гарантира здравјето и безбедноста на вработените во туризмот и жителите, велат од ТГА.

Од лансирањето на Програмата за сертифицирање на безбеден туризам во јуни 2020 година, Турција следистроги упатства за здравје и безбедност.