Вакцината против Ковид-19 нема да биде целосно ефикасна, смета главниот американски епидемиолог

152

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оценува дека вакцината против вирусот корона нема да биде целосно ефикасна.

На онлајн семинарот на Универзитетот Браун, Фаучи истакнал дека шансата вакцината да биде 100 проценти ефикасна не е голема, пренесе „Скај њуз“.

„Не знаеме колку ќе биде ефикасна – дали ќе биде 50 или 60 проценти. Јас би сакал ефикасноста да биде 75 или повеќе проценти“, изјавил Фаучи.

Фаучи воедно посочил дека концептот за јавно здравје никогаш не смее да се напушти поради што е невозможно да се развие вакцина која е ефективна до 98 проценти.