Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека брзиот развој на вакцините и ефикасните третмани за коронавирус се приоритети за организирање на Олимписките игри во Токио.

Абе смета дека закрепнувањето од пандемијата на коронавирус само во Јапонија нема да биде доволно за одржување на Игрите затоа што на настанот учествуваат спортисти и гледачи од целиот свет. Тој изјави дека јапонската влада се надева дека Олимписките игри ќе се одржат „во целосна форма“, со гледачи како доказ за победата на човештвото над коронавирусот.

Експертите претходно изјавија дека ќе биде тешко да се развие ефикасна и безбедна вакцина до почетокот на Олимписките игри во Токио.

Јапонија и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги одложија Игрите за јули 2021 година поради пандемијата на коронавирус.