Светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, уште еднаш ја покажа својата ментална сила и дека може да добие речиси загубен натпревар Тој при резултат 1:1 во сетови и негатива од 4:0 во решавачкиот сет на мастерсот во Лондон, во дуелот со Русинот Данил Медведев успеа да направи пресврт и да го добие мечот со 6:7, 6:3, 7:6. Со оваа победа Шпанецот ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на завршниот турнир.

-Жал ми е за Данил. Ова е тежок пораз за него. Играше подобро од мене, но како среќата да беше на моја страна. Ова е меч кој можеш да го загубиш еднаш во илјада пати. И во моментите кога губев со два брејка, верував дека можам да направам пресврт, и ете на крај се случи тоа. Малку на среќа, малку на искуство, рече Надал.

Во вториот натпревар од истата група грчкиот тенисер Стефанос Циципас со победата над Александар Зверев од 6:3, 6:2 се пласираше во полуфиналето на турнирот. Германецот не беше конкурентен, трипати го загуби својот сервис и Циципас авторитетно стигна до триумф.

Циципас во третото коло ќе игра против Надал, кој за да обезбеди полуфинале, ќе мора да го победи Гркот и да се надева дека Медведев ќе му направи услуга и ќе го совлада Зверев.