Девојката на норвешкиот фудбалер Матијас Норман, Виолета Берт, се најде на удар на јавноста во Русија. Причина за такво нешто се сликите што ги поставува на Инстаграм, каде има 323.000 следбеници.

Атрактивната фитнес инструкторка често споделува фотографии на оваа социјална мрежа, а една од нив влијаеше да се појави на насловните страници на руските медиуми, имајќи предвид дека Норман е член на Ростов.

Имено, Виолета беше фотографирана во минијатурно бикини, покрај кое носеше чизми, додека во коментарите ја осудија со споменување на нејзините родители и воспитувањето.

  • Дали твоите родители знаат што правиш, како те воспитале така? Зошто поставувате вакви провокативни фотографии ако сте во врска, се дел од коментарите.