Буџетарите ќе добиваат додаток на плата до 30 отсто, од 1 јануари 2022 година

4309

Владата на 24 декември ја објави во „Службен весник“ уредбата со која на административците финансирани од буџетот може да им се зголемат платите за дополнителни 30 отсто преку додаток. Уредбата почна да се применува од 1 јануари 2022 година.
Буџетски корисници каде вработените ќе добиваат ваков бонус се институции како Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, потоа Владата, Секретаријат за европски прашања, Секретаријат за законодавство, Државен завод за ревизија и Службата за општи и заеднички работи.
Во уредбата стои дека може секој да го доделува додатокот ако има поголемо право за трошење од месечното барање за исплата на плата.
-Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања, пишува во уредбата за тоа кои може да добијат додаток.