„Бушава азбука“ репризно на МРТ, да им се пополни времето на децата додека не се на училиште

242

Режисерот Слободан Унковски на Фејсбук објави дека со семејството на Горан Стефановски ѝ дале дозвола на Македонската радио телевизија (МРТ) бесплатно да ја репризира ТВ-серијата „Бушава азбука“. Целта е да им го пополни времето на децата кои не се на училиште додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирусот.

„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко.

Инаку серијата „Бушава азбука“ е снимена пред 35 години, со музика на „Леб и сол“ и Ана Костовска, а во неа играше врвна актерска екипа како Ненад Стојановски, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Софија Куновска, Кирил Ристески, Јовица Михајловски и Мими Таневска.